16.8 C
Скопје
25. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСВЕТ

Зеленски се огласи за падот на авионот на Пригожин: Немаме врска со тоа

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека Украина „нема никаква врска со авионската несреќа во која можеби загинал Евгениј Пригожин“.

Зборувајќи на прес-конференција со португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, кој е во посета на Киев, Зеленски рече: „Ние немаме никаква врска со оваа ситуација. Тоа е сигурно. Но, мислам дека сите разбираат кој има“, рече тој.

Зеленски не соопшти повеќе детали.