10.8 C
Скопје
2. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенците масовно продаваат поплавени автомобили

Во неодамнешните поплави во Словенија водата оштети многу автомобили.

Сопствениците на овие возила последниве денови ги продаваат забрзано, дури и повеќе од половина поевтино, пишува „Бизнис.рс“. Сепак, се поставува прашањето дали е препорачливо да се купи таков автомобил.

Неодамна, на најголемиот словенечки интернет-портал за продажба на возила, Avto.net, се најдоа многубројни поплавени автомобили. Продавачите на возила може да наведат дека автомобилот е поплавен при објавувањето.

Во моментот на страниците се нудат повеќе од 90 возила вклучувајќи ги и оние што се во возна состојба, како и оние што не се. Цените на тие автомобили често се и повеќе од 50 отсто пониски од цените на возилата што не биле потонати, пишува „N1 Словенија“.

Автомобилските експерти велат дека е подобро да се избегнува купување таков автомобил. Но, важно е и за каков автомобил се работи, а пред сè, колку и до каде стигнала водата.

Ако е стар автомобил со помалку електроника, проблемот може да биде помал, но ако е понов, проблемот е поголем. Особено ако водата навлезе во самиот автомобил.