Најмалку 12 лица загинаа, а 19 се повредени во автобуска несреќа што се случи синоќа во областа Соргун во турската провинција Јозгат.
Станува збор за автобусот на компанијата „Камил Коц Туризам“ кој при возење од Сивас кон Истанбул удрил во провалија.
Возачот изгубил контрола над автобусот и излетал во провалија покрај патот, а на местото на несреќата биле ангажирани бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на Јозгат Мехмер Али Озкан го посети местото на несреќата и повредените патници во болница.
„За жал, се соочуваме со голема несреќа. Според првичните информации, автобусот преминал на спротивната лента од коловозот и се превртел во оградата. За жал, повторно мислиме дека се работи за несреќа предизвикана од невнимание. Ситуацијата ќе биде појасна по истрагата – изјави Озкан.