1.8 C
Скопје
11. декември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сопруга на хакер од Ниш пронајдена мртва во стан во Истанбул: таа и нејзиниот сопруг се обвинети за измама, трагата им се изгубила во 2021 година

Во Истанбул е пронајдена мртва Филипинката Ксенија Феј Атилано-Крстиќ, сопругата на нишкиот хакер Кристијан Крстиќ, кој е осомничен дека е мозокот на измама од 70 милиони долари во Америка, пишува „Новости“.

Против неа и нејзиниот сопруг, како и десетина други, се водеа постапки за измама, но од август 2021 година им се губи секаква трага на сопружниците, кои извесно време беа во Ниш.

Смртта на Филипинката доведе до разни шпекулации и нагаѓања на социјалните мрежи, а според сознанија, таа починала поради тешка болест.