25.8 C
Скопје
1. октомври 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пленковиќ: Хрватска ѝ помага на Украина со нова воена помош од 30 милиони евра

Хрватска ќе обезбеди нов пакет воена помош за Украина во вредност од речиси 30 милиони евра, изјави премиерот Андреј Пленковиќ по денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Атина.

Со новиот пакет воена помош вкупната помош на Загреб за Киев ќе се приближи до 200 милиони евра. Хрватската влада в четврток ќе открие што содржи тој пакет, најави Пленковиќ.

Пленковиќ разговарал со Зеленски за користење на хрватските пристаништа за извоз на украинско жито.

„Веќе се извезени неколку илјади тони жито од хрватските пристаништа. Најголемиот дел отиде во Италија, дел на северот на Африка, но со новите околности на Црното Море оваа тема повторно стана актуелна. Ова „ќе биде транзит преку Хрватска до трети земји“, рече Пленковиќ.

Во понеделникот вечерта, Пленковиќ и Зеленски учествуваа на неформална дискусија за проширувањето на ЕУ и европската иднина на регионот, како и за руската агресија во Украина.