16.8 C
Скопје
25. септември 2023
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема полициска акција во Белград: неколку приведени поради перење милиони евра

Во Белград во тек е голема акција за апсење осомничени за перење милиони евра, објави „Нова.рс“.

Според неофицијални информации, на територијата на Белград БИА, српската полиција и даночната полиција во координација со Вишото јавно обвинителство во Белград, одделението за антикорупција, приведуваат осомничени, а во тек се претреси на повеќе локации.

Според неофицијални информации, се сомнева дека осомничените го оштетиле српскиот буџет за повеќе од 300 милиони динари.

Досега се уапсени неколку лица.

Акцијата сè уште е во тек.