9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ковачевски: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се прифатени, дијалогот треба да продолжи

Сите предлози на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се прифатени и сега дијалогот за процесот важен за европската иднина на државата треба да продолжи, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за Телевизија Алсат.

„Гледајќи го дискурсот кој што го имаше ВМРО-ДПМНЕ сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел од од процесот, и сметам дека треба да се понуди едно широко обединување на македонската поличка сцена, бидејќи овој процес на евроинтеграции е широк, општествен процес, на целото општество, за сите граѓани. И затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од Владата, прво да го отвориме Уставот со две третини сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата и тоа 50% од министерските места кои што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. И дополнително, што е исклучително важно и условот кој што го имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во таа Влада од нему познати причини, да не учествува партијата ДУИ, исто така беше прифатен на самата прес–конференција преку соопштение на ДУИ. Со тоа сметам дека сите барања кои што беа поставени, во текот на целиот изминат период,се исполнети во делот на опозицијата, тие го сменија својот став и дури, со оглед на тоа дека процедурата овозможува, уставните измени кои што ќе се направат да важат од моментот на одржувањето на втората меѓувладина конференција“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна сите политички субјекти треба да се обединат и да ја обезбедат европската иднина на државата.

„Ова не е борба за власт, ова не е борба за политички поени, ова не е борба за рејтинг до избори, туку ова е практично, работа за носење на одлука која што ќе овозможи Северна Македонија да го продолжи својот европски пат и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ“ заклучи Ковачевски.