13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Eнтони Блинкен за конфликтите во Косово: „Го повикуваме Албин Курти да престане со насилните мерки…“

На северот на Косово дошло до инцидент меѓу косовската полиција и граѓани кога безбедносните сили се обиделе да им помогнат на новите градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубина Поток да ја преземат локалната власт.

Косовската полиција во петокот и покрај отпорот на група граѓани влезе во општинските згради Звечан и Зубин Поток – општини во кои живеат мнозинство Срби.

Како одговор, Александар Вучиќ ја испрати војската кон Косово.

Ситуацијата што се случува на Косово ја коментираше и американскиот државен секретар Eнтони Блинкен на својот официјален профил на Твитер.

„Силно ги осудуваме дејствијата на Владата на Косово кои ги ескалираат тензиите на север и ја зголемуваат нестабилноста. Го повикуваме премиерот Албин Курти веднаш да ги прекине овие насилни мерки и повторно да се фокусира на дијалогот со посредство на ЕУ“, напиша Eнтони Блинкен.

Спонзорирано: