Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) „Лежи доле!“ – драматична снимка од апсењето на 37 криминалци од Балканот

Европол денеска соопшти дека се уапсени 37 членови на многу насилна криминална група од Западен Балкан, која главно се занимавала со шверц на дрога и огнено оружје низ Европа.

Според информациите, од 37 осомничени балканци, 15 се уапсени во вчерашните рации, кои беа спроведени истовремено низ Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, но и Холандија, Италија, Белгија и Германија.

Се додава дека акциите биле координирани од командното место во Загреб, со поддршка на офицерите на Европол распоредени на терен.

Групата била предводена од државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментов издржува четиригодишна затворска казна во Италија.

Тој продолжил да организира криминални активности од неговата затворска ќелија, од каде што се верува дека редовно издавал наредби и инструкции на своите подредени.

Во рациите, меѓу другото, запленети се 148.000 евра во готовина, 18 огнено оружје од кои два митралези и 2.512 парчиња муниција.

Притоа, запленети се 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, три килограми амфетамин, седум килограми марихуана и 10 килограми хашиш.

По оваа меѓународна акција следи сложена истрага што ја води хрватската главна полициска управа, во рамките на Оперативната група „Балкански картел“, се вели во соопштението на Европол.

Хрватската полиција објави и видео од едно од апсењата, на кое се гледаат драматични сцени на вооружени специјалци кои упаднале во становите на осомничените извикувајќи „легни долу“ и им ставаат лисици.

Европол претходно ја формираше Оперативната работна група „Балкански картел“, која обединува истражители од цела Европа и светот, со цел ефективно да се справи со заканите кои доаѓаат од овој регион.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе