Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
Војна во УкраинаСвет

Пригожин: Вагнер изгуби 20.000 луѓе во битката за Бахмут

Евгениј Пригожин, шеф на руската платеничка формација Вагнер, изјави дека неговите војници изгубиле повеќе од 20.000 луѓе во исцрпувачката битка за градот Бахмут во источна Украина.

Тој изјави дека околу половина од загинатите биле регрутирани осуденици на кои им била ветена слобода доколку се согласат да се борат.

Пригожин рече и дека руските сили убиле цивили за време на војната во Украина, што Москва жестоко го негира.

Во интервјуто со политичкиот стратег Константин Долгов, Пригожин оцени дека руската цел за „демилитаризација“ на Украина пропаднала бидејќи украинската армија станала посилна поради оружјето што го добива од Западот.

Тој, исто така, оцени дека очекуваната контраофанзива на украинската армија, со оглед на континуираната поддршка од Западот, може да доведе до туркање на руските трупи од југот и истокот на Украина, вклучувајќи го и Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година. Податоците за загубите на Вагнер се во остар контраст со податоците на официјална Москва дека Русија загубила само 6.000 војници од почетокот на 15-месечната војна до јануари оваа година.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе