7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Ќе го браниме режимот на Лукашенко ако има вооружен бунт во Белорусија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков (Дмитриј) реагираше на вчерашните наводи на поранешниот заменик министер за одбрана на Полска, генерал Валдемар Скржипчак, дека во Белорусија ќе се случи воен удар против режимот на Лукашенко, велејќи дека Белорусија е „партнер, сојузник и брат држава“ на Русија..

– Се разбира, Руската Федерација има обврска да ја обезбеди безбедноста на Белорусија, што ќе го направиме наспроти ваквата очигледна закана – рече Песков.

Тој додаде дека за Русија Полска е „непријателска земја чие раководство доживува изливи на русофобија“.

– И гледаме дека оваа земја, која е непријателски настроена кон нас, всушност отворено зборува за својата намера директно, вклучително и насилно, да се меша во внатрешните работи на соседната земја – изјави портпаролот на Кремљ.

Потсетуваме дека, според зборовите на полскиот генерал, доколку украинската контраофанзива биде успешна, вооружените Белоруси кои сега се борат на страната на украинските сили би можеле да почнат да го рушат режимот на самопрогласениот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

Спонзорирано: