18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Бев подготвен да го убијам Бајден“-Камионџијата обвинет за напад на Белата куќа, му се восхитува на Хитлер

Младото момче од Мисури, 19-годишниот Сај Варшит Кандула, кој во понеделникот намерно удри со својот камион во ограда во близина на Белата куќа во Вашингтон, и изјави на полицијата дека им се восхитува на нацистите и сака да ја „зграби власта“, покажуваат судските записи.

Тој рече дека е подготвен да ги убие американскиот претседател Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и нивните семејства и да ја „освои власта“, а, како што наведе, нападот го планирал шест месеци, пренесуваат медиумите во регионот.

Возачот изнајмил камион во понеделникот вечерта, а околу 21:35 часот, возилото било на тротоарот пред Белата куќа и удрило во метална преграда северно од Белата куќа, се вели во извештајот на Тајната служба поднесен во федералниот окружен суд во Вашингтон.

Кандулу е обвинет и за грабеж на имот на САД во износ од над 1.000 долари.

Кога агентите на Тајната служба го прашале Кандула за знамето со свастика што го извадил од ранецот, тој наводно рекол дека го купил преку Интернет затоа што нацистите имале голема историја и го опишал Хитлер како силен водач на кој му се восхитувал, се вели во судскиот документ.

Возачот рече дека се восхитува на нивната авторитарна природа. Неговата цел беше да влезе во Белата куќа, да ја преземе власта и да стане шеф на нацијата, пренесува NBC News (NBC) повикувајќи се на извештајот.

Кандула се појави во Врховниот суд на Вашингтон во вторникот и се очекува да го има своето прво појавување пред федералниот суд во среда попладне.

Возачот на камионот кој во понеделникот удри во бариери во близина на Белата куќа се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и закана дека ќе го убие американскиот претседател, соопшти во понеделникот американската полиција.

Осомничениот е обвинет, меѓу другото, за закана дека ќе го убие, киднапира или повреди американскиот претседател, потпретседател или членови на неговото семејство, објави Ројтерс.

Покрај тоа, тој се соочува со обвиненија за напад со опасно оружје, незаконско навлегување во приватна сопственост, уништување на федерален имот и опасно управување со возило.

Спонзорирано: