Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Бајден прогласи вонредна состојба: околу 6.800 американски војници распоредени во Гуам, пред налетот на тајфунот

Војската на САД испрати бродови, а претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба, додека секој што не живее во цврст дом е повикан да побара засолниште пред тајфунот, кој се прогнозира да пристигне како бура од четврта категорија со налети на околу 225 километри на час, но и дека евентуално би можела да се засили до категоријата пет, која е најсилна.

Последен пат бура од петта категорија која директно го погоди Гуам беше во 1962 година.

Пред бурата, гувернерот на Гуам, Лу Леон Гереро им нареди на жителите на крајбрежните области подложни на поплави со население од повеќе од 150.000 лица да се евакуираат на повисоките места.

Гуам е стратешки важен центар за американските сили во Пацификот, а Министерството за одбрана контролира околу една третина од островот.

Командата на американската армија одобри евакуација на персоналот во засолништата за областите што се очекува да бидат погодени, а сите бродови беа преместени од брегот како стандардна мерка на претпазливост.

Според Пентагон, околу 6.800 американски војници се распоредени во Гуам.

Во соопштението на метеоролошката служба се наведува дека невремето денеска би можело да го погоди јужниот дел на Гуам.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе