Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

(Видео) Инцидент пред Белата Куќа – Камион удри во безбедносните бариери, возачот приведен

Американската полицијата приведе возач на камион кој со своето возило удри во безбедносните бариери на плоштадот Лафајет пред Белата куќа во Вашингтон, изјави портпаролот на американската тајна служба.

„Во инцидентот нема повредени, а причината и другите детали за овој инцидент се истражуваат“, објави портпаролот на американската тајна служба на својот Твитер профил и додаде дека некои патишта и пешачки патеки се затворени во областа“.

Блискиот хотел „Хеј Адамс“ беше евакуиран на барање на тајната служба, објави „Вашингтон пост“.

Како мерка на претпазливост, задната врата на камионот била отворена со помош на роботизирана полициска машина на далечинско управување и во камионот била откриена само куклата, но не и друг товар.

Повикувајќи се на изјави на сведоци, американските медиуми објавија дека возачот, по првиот пат, потоа уште еднаш удрил во бариерите на плоштадот Лафајет.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе