10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

УНХЦР: Од Судан во Чад побегнаа меѓу 60 и 90 илјади луѓе

Помеѓу 60.000 и 90.000 луѓе побегнале од Судан во соседен Чад откако избувнаа насилствата минатиот месец, соопшти во понеделникот Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

Повеќе од 250.000 луѓе ги преминале границите во соседните земји од избувнувањето на конфликтот, а се очекува повеќе да избегаат додека продолжуваат борбите.

– Речиси 90 отсто од нив се жени и деца. Многумина се засолниле под дрвјата во импровизирани засолништа со многу ограничени услуги – изјави помошникот на високиот комесар за операции на УНХЦР Рауф Мазу по четиридневната посета на Чад, пренесува Франс 24.

Од УНХЦР наведуваат дека ќе мора итно да ги преместат бегалците во камповите бидејќи се ближи сезоната на дождови.

Заедно со новите бегалци, сега има околу 600.000 претежно судански бегалци кои живеат во Чад.

Севкупно, речиси 700.000 бегалци се наоѓаат во Чад, според УНХЦР, кој повикува на поголема меѓународна поддршка за раселените лица од Судан.

Спонзорирано: