Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Учениците во Хрватска ја бојкотираат наставата: „Момче со шипка упадна во училница“

Во текот на денешниот ден 27 од 28 ученици од една од паралелките на ОУ Строжанац во Хрватска не се појавиле на час поради проблематично однесување на еден ученик, пишува порталот Далматински. Незадоволните родители тврдат дека нивните деца страдаат од страв, мачнина, главоболки и несоница поради овој ученик. Ја обвинуваат и директорката Жана Призмиќ и стручните служби дека нема итна реакција.

Вработен во училиштето изјавил дека проблемите во однесувањето на момчето се присутни подолго време. Момчето континуирано ја прекинувало наставата и било склон на насилни испади. Ситуацијата ескалирала минатиот четврток на часот по германски.

„Ученикот пристигнал во училницата со железна шипка и се заканил дека ќе биде следниот Коста К. Наставничката за инцидентот дознала од мајката на детето, која била сведок на се. Таа во тој момент повикала полиција. Полицајци во цивилна облека интервенирале, му ја одзеле шипката и ја предале во училиштето додека да дојдат родителите“, вели вработената во училиштето.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе