Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
achiltsi / Pixabay
СветВо тренд...

(ВИДЕО) САД: Маж додека им помогаше на патките да го поминат патот, загина на лице место

Маж од Калифорнија загинал откако во него удрил автомобил, а непосредно пред несреќата им помогнал на патки да го преминат патот, јавува Си-Ен-Ен.

Кејси Ривара (Кејси, 41) излегол од своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџер возач во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата.

Еден сведок, Самер Петерсон, изјави за локалната филијала на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на судирот.

– Рекоа: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа наеднаш го удри автомобил – раскажала што се случило.

Тинејџерскиот возач најверојатно нема да се соочи со кривична пријава, изјави полицискиот капетан на Роклин, Скот Хорило, за NBC News.

Луѓето оставиле цвеќиња и гумени патки на местото на несреќата.

– Сакаме да изразиме благодарност до сите вас за убавите пораки и сочувство. Навистина е убаво да се слушне како Кејси има позитивно влијание врз вашите животи и ние сме исклучително благодарни за тоа – изјави неговата сопруга Енџел Чоу.

Полициската управа Роклин соопшти дека нема уапсени и инцидентот останува под истрага.

Тинејџерскиот возач најверојатно нема да се соочи со кривична пријава, изјави полицискиот капетан на Роклин, Скот Хорило, за NBC News.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски-Шолц: Германија ја повтори силната поддршка за интеграцијата во ЕУ

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија… Прочитај повеќе

Судскиот Совет ќе расправа по индиции за судир на интереси во работата на Весна Дамева

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе