Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Отворена е истрага против стрелиштето каде што вежбале момчето убиец и неговиот татко

Вишото јавно обвинителство во Белград ја истражува и одговорноста на стрелиштето каде В.К.(48) и неговиот 13-годишен син вежбале гаѓање.

Надлежните во Белград потврдуваат дека е формиран посебен случај со цел да се утврдат сите околности поврзани со работата и делувањето на Стрелачкиот клуб „Партизан“ и дале наредба до полицијата да ги собере потребните информации.

Според српските медиуми, се утврдува дали со некој внатрешен акт се пропишани условите за користење на услугите на овој стрелачки клуб, дали е дозволен или забранет пристап за малолетници и слично.

Побарано е да се утврди и дали В.К. е еден од корисниците на Стрелачкиот клуб „Партизан“, дали тој и неговиот син се обучени за ракување со огнено оружје, дали В.К си носел сопствено огнено оружје за пукање, како и дали неговиот син исто така го употребил тоа оружје во стрелиштето.

Потребно е да се утврди колку пати В.К и неговиот син ги користеле услугите на стрелиштето, дали наведеното момче доаѓало само или во придружба на родителите, дали се занимавале со стрелачки спортови и дали имале обврска да достават лекарско уверение за користење на услугите за рекреативно или спортско гаѓање.

Исто така, потребно е да се утврди дали Стрелачкиот клуб „Партизан“ е дел од Стрелачкиот сојуз на Србија и доколку е, тогаш претставникот на Сојузот треба да се изјасни за сите нему познати околности во врска со работата и на овој стрелачки клуб, како работа на стрелачки клубови на територијата Република Србија.

Здружението треба да се изјасни и дали има акти со кои на клубовите и членовите на Здружението им се определуваат посебни обврски и ограничувања во нивното постапување во рамките на работата и давањето услуги. Побарано е, меѓу другото, да се утврди за кој тип, марка, модел, калибар и сериски број на огнено оружје на В.К., му било дадено одобрение од надлежен орган.

Се проверува и која здравствена установа му издала на В.К потврда за здравствена способност за набавување и држење оружје, дали има обврска за обновување на тоа одобрение, и како надлежниот орган оценил исполнување на сите услови предвидени со Законот за оружје.

К.К.(13) за време на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби 10 лица, меѓу кои девет деца и еден чувар на таа институција.

Можеби ќе ве интересира…

Шеќеринска: Оптимист сум за нашиот влез во ЕУ

Во моментов Европската Унија е заинтересирана да го штити европскиот континент и го гледа забрзаното проширување како безбедносен влог, истакна поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска за време на панел-… Прочитај повеќе

Коциќ: Пратениците да се вразумат, или ќе одиме напред или ќе останеме без перспектива

Периодов јасно се гледа дека постои поделбата на проевропски и анти-ЕУ блок, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во гостувањето во Телма телевизија. Тој обвини дека во однос на процесот… Прочитај повеќе

Повеќе од 40 претставени брендови на Саемот за транспорт од 07ми до 09ти јуни

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе… Повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе