Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Москва: Ликвидирани повеќе од 70 терористи во Белгородската област

Во текот на антитерористичката операција во регионот Белгород уништени се украински нацистички формации, соопшти руското Министерство за одбрана, пренсува РТ Балкан.

„Дел од групата е протеран од Белгородската област на територијата на Украина, убиени се повеќе од 70 терористи, а уништени се четири пешадиски борбени возила и пет други возила,“ соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Москва објави утринава дека украинска диверзантско-извидувачка група вчера влегла на територијата на округот Граиворонск во областа Белгород и дека армијата и безбедносните сили на Русија ги преземаат сите мерки за нејзино елиминирање.

На тоа подрачје беше воведен режим на антитерористичка операција со кој се воспоставуваат посебни мерки и привремени ограничувања.

„Откако претрпе пораз во Артјомовск (Бахмут), киевскиот режим продолжи да спроведува терористички акции против цивилното население. Вчера, по интензивното артилериско гранатирање на меѓународниот контролен пункт Козинка, како и на голем број други цивилни објекти во Граиворонскиот округ на Белгородската област, единица на украинската националистичка формација изврши инвазија на територијата на Русија“, беше посочено во соопштението.

Во него се додава дека за време на антитерористичката операција, „авијацијата, артилерија и единиците кои ја покриваа државната граница на Западниот воен округ, ги блокираа и ги победија нацистите.“

Денес со соопштение излезе и прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој посочи дека украинскиот прекуграничен напад во регионот Белгород, кој резултираше со најмалку осум повредени цивили, предизвикува голема загриженост и ќе бидат потребни значителни напори за да се спречи вакви инциденти повторно да се случат.

„Она што се случи вчера предизвикува длабока загриженост и уште еднаш потврдува дека украинските милитанти продолжуваат со своите активности против нашата земја. Овие напори продолжуваат, а продолжува и специјалната воена операција за да се спречат вакви упади во иднина,“ рече Песков коментирајќи го нападот.

На барањето да ги коментира извештаите дека упадот бил организиран од етнички Руси, Песков ги опиша сторителите како „украински милитанти“.

„Има многу етнички Руси кои живеат во Украина, но тие сепак се украински милитанти“, елаборираше тој.

Песков алудираше на изјавите на украинските официјални лица, кои тврдат дека нападот го извршила т.н. легија „Слобода на Русија“ и Рускиот волонтерски корпус (РДК), групи составени од руски колаборационисти кои се борат за Киев.

РДК претходно ја презеде одговорноста за сличен смртоносен упад во рускиот регион Брјанск пред два месеци, во кој животите ги загубија двајца цивили.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе