10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
СВЕТИЗБОР

Ердоган: Бараме од САД да го најдат терористот кој ја нападна турската куќа во Њујорк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја бара од американските власти да го пронајдат терористот кој ја нападна Турската куќа во Њујорк.

Тој додаде дека сторителот на ова кривично дело треба што поскоро да се најде.

– Во Европа ПКК виде дека работите се влошуваат, почнаа да ги напаѓаат гласачите. Веројатно велат дека овие гласачи се за Народен сојуз. Затоа ги напаѓаат. Тие ја нападнаа Турската куќа во Америка, спроти зградата на Обединетите нации и ги искршија стаклата. Зарем сега не им велиме на американските власти и безбедносните сили: „Морате брзо да го најдете овој терорист и мора да го направите она што е потребно“. Се прашувам доколку сличен инцидент се случи во Турција, како би гледале на тоа – рече Ердоган.

Инаку, Турската куќа е облакодер во кој се сместени турските дипломатски претставништва во Њујорк.

Спонзорирано: