17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Веидонг: Сакаат да ја уништат Кина, го нарушуваат нашиот суверентитет

Заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Сун Веидонг, го повика јапонскиот амбасадор да ги пренесе неговите протести поради забелешките „за прашањата поврзани со Кина“ на самитот на Г7 во текот на викендот, соопшти Министерството доцна во неделата.

Шефовите на државите на Г7 на состанокот во јапонскиот град Хирошима изразија сериозна загриженост поради зголемените тензии во Источното и Јужното Кинеско Море, како и ситуацијата со човековите права во Кина, вклучително и Тибет и Ксинџијанг.

Сун рече дека Јапонија соработувала со други земји на самитот на Г7 „во активности и заеднички декларации за да ја оцрни и нападне Кина, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Кина, кршејќи ги основните принципи на меѓународното право и духот на четирите политички документи меѓу Кина и Јапонија“, повикувајќи се на заедничката декларација Кина-Јапонија од 1972 година.

Тој рече дека активностите на Јапонија се штетни за суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина и дека Кина е „незадоволна и решена да им се спротивстави“.

„Јапонија треба да го поправи своето разбирање за Кина, да ја разбере стратешката автономија, да се придржува до принципите на четирите политички документи меѓу Кина и Јапонија и вистински да промовира стабилен развој на билатералните односи со конструктивен став“, рече СУн.

Јапонскиот амбасадор во Кина, Хидео Таруми изјави дека е „природно“ Г7 да се занимава со прашања од заеднички интерес, како што правеше во минатото, и ќе продолжи да го прави тоа во иднина се додека Кина не го промени своето однесување.

„Кина најпрво треба да преземе позитивни чекори за решавање на тие прашања доколку бара тие повеќе да не се споменуваат“, изјави Таруми за „Сан“.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Хироказу Мацуно за време на утринскиот брифинг во понеделникот рече дека политиката на земјата кон Кина е конзистентна, охрабрувајќи одговорно однесување при преземање чекори за решавање на грижите и соработка за заедничките прашања.

Спонзорирано: