9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Поддршката од Американците кон Македонија се засилува, но и за прв пат Америка јасно впери прст кон опозицијата

Амбасадорката Агелер на неодамнешната средба со Ковачевски ја пренесе цврстата одлучност на САД да продолжат и понатаму да ја поддржуваат Македонија, високо ценејќи ги досегашните одлуки кои Владата ги презеде во насока на обезбедување просперитетна иднина во рамки на ЕУ и НАТО.

Средбите на македонскиот премиер со високи претставници во САД дополнително покажаа дека поддршката на САД кон Македонија се зацврстува.

Соединетите Држави изминатиот период како да ја засилија поддршката кон про-европската Владата на Македонија и нејзините заложби за влез на Македонија во ЕУ.

Сето ова се случува додека опозицијата и анти-американските структури предводени од експерти, опозиционери, невладини организации и други јавни личности во секој чекор да го опструираат проектот за Коридорите 8 и 10д затоа што ќе го гради американската Бехтел. Интересно е што токму овие луѓе не направија ваков тип на организирана хистерија и кога се најави проектот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, кој се уште не е изграден.

 

За прв пат по груевизмот, САД јасно вперија прст кон опозицијата

Граѓаните на оваа земја би биле исклучително задоволни со завршувањето на коридорите 8 и 10д. Во интервјуто за МИА дадено неодамна, американската амбасадорка Анџела Агелер изрази жалење за присуството на некои луѓе кои се обидуваат да искористат проектот за политички поени.

Таа истакна дека процесот во кој е вклучена компанијата “Бехтел” за изградба на коридорите 8 и 10д е потполно транспарентен и законски, бидејќи тоа е начинот на кој оваа компанија работи. Нејзиното појавување на почетокот на изградбата на автопатиштата што ќе бидат дел од коридорите, според неа, говори за нејзината проамериканска бизнис-ориентација.

Агелер истакна дека не е поврзана со политички партии во Северна Македонија и не гласа во оваа земја, но е многу проамерикански ориентирана и работи за промоција на американските инвестиции. Таа смета дека овие инвестиции не само што се од корист за американските инвеститори и компании, туку и за граѓаните на оваа земја.

Исто така, амбасадорката изразува разочарување поради критиките на опозицијата во врска со проектот, тврдејќи дека тие се направени без целосни факти и информации, и само се користат како политички поени против Владата. Таа изразува увереност дека процесот во кој е вклучена “Бехтел” е транспарентен и законски, бидејќи компанијата функционира на таков начин и има успешни проекти во светот и во регионот на Западен Балкан.

Во неодамнешното интервју за „Гласот на Америка“ пак, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека од опозицијата сака да слушне дека се посветени на патот на евроатлантските интеграции и дека е потребно да се продолжи напред што е можно побрзо бидејќи ова е најдобриот договор што земјата можеше да го добие.

Ескобар во интервјуто уште рече дека САД не бара од опозицијата да го поддржи премиерот и дека се надеваат оти сите политички субјекти ќе ги поддржат потребните промени за да може да се продолжи напред во унапредување на кандидатурата на Македонија во Европската Унија.

„Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеност на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската Унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее“, рече во неодамнешното интервју, Ескобар.

Спонзорирано: