Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
Свет

Отстранета опасноста од поплави во Италија, 10.000 луѓе се вратија дома

Бројот на евакуирани поради поплавите во регионот Емилија Ромања е намален на 26.324, откако 10.000 од нив се вратиле во своите домови.

Според агенцијата Анса, водата полека се повлекува од Фаенца, Форли, Чезена и другите најтешко погодени места.

Од друга страна, вода се уште има во Равена и околината, но се проценува дека опасноста од поплави е елиминирана.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се врати порано од очекуваното од самитот на Г7 во Јапонија, ги посети поплавените подрачја и вети „итни одговори“.

Таа додаде дека денеска ќе разговара со министрите на италијанската влада со цел да се договорат оптимални мерки, компензација и помош.

Претседателот на регионот Емилија Ромања, Стефано Боначини изјави дека поради 300 активни свлечишта ќе биде потребно, меѓу другото, да се реконструираат над 600 патишта.

„Има луѓе кои изгубиле се во своите домови и работни места и ќе се бара 100 процентна отштета. Потребна ни е и материјална реконструкција на инфраструктурата“, рече тој.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Добра вест: Ново поевтинување на горивата во Македонија, ова се новите цени

Поевтинуваат бензините. И тоа за 0,5 денари поевтинува Еуросупер 95. Истиот од ноќеска еќ изнесува 80 денари од литар. За еден денар се намалува и цената на Еуросупер 98 и… Повеќе

Српски медиуми: Полнете ги резервоарите во Македонија, таму има најевтини горива во регионот

Српските медиуми ги информираа своите граѓани дека во Македонија горивата се најевтини од сите земји во близина. Пресметките покажуваат дека во земјава се точи најевтин бензин и дизел гориво. Еден… Повеќе