Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Гутереш: Време е за реформа на Советот за безбедност и Бретонвудскиот систем

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави во неделата рече дека е време да се реформираат и Советот за безбедност и Бретонвудскиот систем за да се усогласат со „реалностите на денешнината“.

Говорејќи на прес-конференција во Хирошима, Јапонија, каде што се одржа самитот на Г-7, Гутереш рече дека двете институции ги одразуваат односите на моќ од 1945 година и дека треба да се осовременат.

„Глобалната финансиска архитектура стана застарена, нефункционална и неправедна. Соочени со економските шокови од пандемијата на Ковид-19 и руската инвазија на Украина, таа не успеа да ја исполни својата основна функција како глобална безбедносна мрежа“, рече тој.

Генералниот секретар на ОН, исто така, зборуваше за тоа како чувствува оти на самитот на Г7 расте свеста кај земјите во развој дека не се прави доволно за да се реформираат застарените институции или да се успокојат фрустрациите на Глобалниот југ.

Во својот World Economic Outlook во јануари, Меѓународниот монетарен фонд објави дека оваа и следната година индиската економија ќе порасне повеќе од 6%.

„Кина и Индија заедно ќе сочинуваат околу 50 отсто од светскиот раст во 2023 година,“ изјави тогаш главниот економист на ММФ и директор на Одделот за истражување, Пјер-Оливие Гуриншас.

Според ММФ, економското влијание на богатите земји од Г-7, исто така, се намали во изминатите 30 години, со 29,9% од глобалниот БДП во 2023 година во споредба со 50,7% во 1980 година.

„Сега ќе видиме какво е влијанието на дискусиите што се одржаа овде во Хирошима. Членките на Г-7 можеа да разговараат со некои од најважните економии во развој во светот“, рече Гутереш.

Домаќинот на самитот на Г-7, Јапонија, покани претставници на т.н Глобален југ на разговори во Хирошима, а меѓу поканетите беа индискиот премиер Нарендра Моди, претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва и индонезискиот претседател Џоко Видодо.

Самитот во Хирошима му даде шанса и на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги придобие земјите од Глобалниот југ, како што е Индија, во обид да ја прошири поддршката за неговата земја во војната против Русија.

Меѓутоа, планираната средба меѓу Зеленски и бразилскиот претседател Да Силва на маргините на самитот на Г-7 не се реализураше затоа што, наводно, украинскиот претседател доцнел.

Г-7 се обидува да го премости огромниот јаз со економиите во развој на Глобалниот југ со фокусирање на инфраструктурата и олеснување на долгот, велат официјалните лица, што е дел од стратегијата за ублажување на влијанието на Кина во земјите со пониски приходи.

Кина цврсто се спротивстави на заедничката изјава на Г-7 од Хирошима и се пожали до организаторот на самитот Јапонија, соопшти кинеското МНР.

Можеби ќе ве интересира…

Ковачевски: Не постои подобар предлог од овој кој го имаме, имаме поддршка за следните чекори и за реформи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 говореше за важноста на реформскиот процес во земјата, за членство во ЕУ. Ковачевски посочи дека меѓународната… Прочитај повеќе

Османи од Братислава во Осло на НАТО министерски состанок

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе