5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Ерупција на вулканот Етна: Пепел падна врз Катанија, затворен аеродромот

Италијанскиот вулкан Етна, најактивниот вулкан во Европа, еруптираше денеска и исфрли пепел над Катанија, што предизвика затворање на аеродромот во најголемиот град во источна Сицилија.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) објави дека пепел паднал во Катанија и врз најмалку уште еден град на падините на Етна.

Облачното покривање во дождлив ден го попречува погледот на ерупцијата на Етна, која често е спектакуларна, велат од институтот.

Италијанската државна телевизија објави дека градскиот аеродром во Катанија ќе биде затворен најмалку до вечерва. Засега нема извештаи за повредени во ерупцијата.

Спонзорирано: