Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) Нелегален техно фестивал во Франција: 30.000 луѓе веќе пристигнале, истрагата е отворена

Десетици илјади луѓе се собраа на нелегален техно фестивал во текот на долгиот викенд во Франција. Фестивалот беше отворен во четвртокот, а веќе 86 фанови добија медицинска помош. Цивилната заштита, Црвениот крст, волонтери и 240 полицајци се распоредени на местото на фестивалот, соопшти вчера одделот Индре во централна Франција.

Околу 30.000 луѓе веќе дојдоа на фестивалот Текнивал кој се одржува во селото Вилегонгис, а за време на викендот се очекуваат и до 40.000, пренесува Франс Инфо. Според други проценки, оваа бројка се движи до 60.000.

Властите не биле однапред информирани за местото на одржување на Текнивал, фестивал познат низ Европа. И покрај забраната за спонтани музички фестивали, властите одлучија да не ги растераат учесниците и да се грижат за нивната безбедност.

Организаторите го поставија фестивалот практично преку ноќ, на празен терен. „Нема да ги оттргнеме, ги има премногу“, вели сопственикот на таа нива, додавајќи дека само сака журкачите да не оставаат зад себе празни канти со пиво и друго ѓубре.

Лекарите и медицинскиот персонал од Универзитетската болница во Рен беа испратени на местото на фестивалот за да бидат во состојба на готовност во случај на итни случаи. Како што изјави шефот на службата за итни случаи на болницата за France Info, повредите што лекарите ги забележале биле главно итни случаи поврзани со алкохол и дрога. Иако властите дозволија фестивалот да се одржи, неговите организатори се под истрага.

Можеби ќе ве интересира…

Не можете да заспиете? – Овие 6 работи мора да ги направите 30 минути пред спиење

Mртви сте уморни и едвај чекате да одите во кревет. Но, мозокот не мирува и мислите ви поминуваат низ главата… Се разбира, во тој случај нема шанси да заспиете. За… Прочитај повеќе

15 знаци дека на некој навистина му се допаѓате, веднаш штом ќе го запознаете

Сите можеме да се чувствуваме несигурни кога започнуваме нови врски, прашувајќи се дали некој навистина нè сака. Никој од нас не чита мисли, но нашето однесување може да даде прилично… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Дали треба да се стави крај на манипулациите со брзите кеш кредити!? – Граѓаните бараат строга регулација

До брз кредит може да се дојде многу лесно со обично покажување на лична карта или со аплицирање онлајн, па така десетици граѓани од Македонија завршија со злоупотребени податоци, при… Повеќе