13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на небото: Авион исчезна од радарот во Хрватска, во тек е голема потрага

Мал авион од типот „Cirrus 20“ исчезна од радарот кај Огулин во Хрватска.

Авионот бил на лет од Марибор до Пула.

Во тек е голема спасувачка акција, а хрватските служби велат дека теренот на кој се пребарува исчезнатиот авион е шумовит, непрооден и магловит.

Од Хрватската планинска спасувачка служба за хрватскиот портал „24сата“ потврдија дека добиле дојава за исчезнувањето на авионот.

„Добивме дојава за исчезнување на леталото од радарот во областа Модруш. Членовите од станиците Госпиќ, Огулин, Карловац и Загреб веднаш излегоа на терен. Магливо е и во тоа подрачје има ниска облачност“, изјави првиот човек на хрватската спасувачка служба, Јосип Брозичевиќ.

Засега не е познато колку патници имало во авионот, а дел од хрватските медиуми повикувајќи се на неофицијални извештаи јавуваат за три лица.

Спонзорирано: