Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтер ја погоди Нова Каледонија. Издадено е предупредување за опасност од цунами по земјотресот, кој е регистриран југоисточно од островот Лојалити во Нова Каледонија, француска територија во Тихиот Океан.
Според Американскиот систем за предупредување за цунами, бранови со висина од еден до три метри се можни во Вануату, а бранови со висина од 30 сантиметри до еден метар се можни на Фиџи, Кирибати и на Нов Зеланд, пренесува „Гардијан“.
Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 38 километри.