3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски ги пофали единиците за одбраната на Бахмут

Украинскиот претседател Володомир Зеленски одржа средба со претставници на сите воени ресори, на која станало збор за претстојната офанзива и за одбраната на земјата. На средбата се разговарало и за добивање дополнителни системи за противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел.

„Беше одржан состанок на воениот кабинет. Ова е нашиот посебен формат на работа во тесен круг со оние кои се задолжени да ја бранат државата“, објави Зеленски во видео објавено на каналот Телеграм, пренесен од украинските медиуми.

Украинскиот претседател изјави дека „одбранбените бригади“ извршувале главно стратешки задачи, но не навел детали, дообјаснувајќи дека „сега не е време за тоа“.

По успехот на украинските војници во интензивните борби за Бахмут, град во источна Украина, претседателот Зеленски ги пофали своите војници.

„Прво, одбранбените бригади завршија добра работа, ги исполнија најважните стратешки задачи, рече тој додавајќи дека и „ударните бригади добро си ја вршат работата“.

Тој, исто така, кажа дека воздухопловните сили и воздушната одбрана направиле „одлична работа“ во заштитата на цивилите.