5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Русите неодамна освоија нов дел во Бахмут

Руските сили се обидуваат да ја освојат територијата што ја загубија околу источниот украински град, но украинската армија ги одбива нивните напади, изјави денеска Хана Маљар, заменик-министер за одбрана на Украина.

Редовната руска армија и платениците речиси една година се обидуваат да го освојат Бахмут, но украинските бранители сè уште држат помали делови од градот. Сепак, во последните неколку недели Украинците извршија неколку мали контраофанзиви во околината на Бахмут и, како што тврдат, ослободија десетици квадратни километри територија.

Руските сили неодамна освоија друг дел од територијата во самиот град, но сè уште не го контролираат целосно и сè уште се водат жестоки битки, изјави Маљар во интервју за украинската телевизија.

Спонзорирано: