Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Рама го пофали Ердоган за „одлучувачка улога“ во обновувањето на транспортот на украинско жито

Албанскиот премиер, Еди Рама, го поздрави обновувањето со уште два месеца на Црноморската иницијатива за транспорт на украинскo жито.

Тој во објава на социјалните мрежи ја оценува како одлучувачка улогата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за обновувањето на овој договор.

„Ги повторувам моите честитки до претседателот на Република Турција, Ердоган, за неговата одлучувачка улога. Обезбедувањето непречено снабдување за светските пазари е од витално значење за обезбедување на храна ширум светот“, пишува Рама, кој е голем пријател на Ердоган.

Русија и Украина се договорија да го продолжат договорот за транспорт на украинско жито преку Црното Море за уште два месеца. Договорот е важен бидејќи Украина е еден од водечките светски извозници на пченица.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе