6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Први фотографии од местото каде што се случи страшното злосторство во Тузла: специјалците на терен, населбата блокирана

Утрово во населбата Молухе во Тузла се случила трагедија во која загинал маж, пишува порталот „Аваз“.

Мажот се разнел со бомба. Тој тешко ја повредил сопругата, но нејзиниот живот не е загрозен. Во куќата била и ќерката, но не била повредена.

Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, присутни се поголем број припадници на специјалната единица на полицијата поради сомневање дека во објектот има повеќе експлозивни направи.

Населбата е блокирана.

Спонзорирано: