Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Киднапиран австралиски лекар ослободен по 7 години заробеништво кај Ал каеда во Западна Африка

Еден 88-годишен австралиски лекар, кој поминал повеќе од седум години во заробеништво и неверојатна борба за преживување меѓу исламските екстремисти на Ал каеда во Западна Африка, е ослободен и се вратил во Австралија, пренесува „Сидни морнинг хералд“.

„Задоволство ми е да ве известам дека д-р Кен Елиот, кој беше заложник во Западна Африка околу седум години, е безбеден и здрав и повторно обединет со сопругата и своите деца во Перт од четвртокот вечерта“, рече австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, пред новинарите во Сиднеј.

Д-р Елиот со сопругата Џоселин 43 години воделе болница со 120 кревети во Џибо, град во северна Буркина Фасо во близина на границата со Мали и Нигер, пред екстремистите на Ал каеда да упаднат во нивниот дом, да ги извлечат од креветите и да ги киднапираат на непозната локација.

Џоселин Елиот беше ослободена по три недели во соседен Нигер со помош на тогашниот претседател на Нигер, Махамаду Исуфу, а нејзиниот сопруг, единствениот хирург за 2 милиона луѓе во областа, остана во заробеништво.

Вонг истакна дека не бил платен откуп за да се обезбеди слободата на д-р Елиот, но не беа откриени други детали за неговото ослободување.

„Австралиската влада има јасна политика дека не плаќа откуп“, нагласи Вонг.

Таа посочи дека во последните седум години соработувале со други влади и со локалните власти за негово ослободување.

„На 88-годишна возраст и по многу години далеку од дома, на д-р Елиот сега му требаат време и приватност за да се одмори и да си ја обнови силата“, велат од неговото семејство.

Милитантната група, која стои зад киднапирањето, Ал каеда во исламскиот Магреб, се издигна главно преку операциите за киднапирање за откуп во кои таргетираа странски хуманитарни работници и туристи.

На денот кога австралиската двојка беше киднапирана – 15 јануари 2016 година – 30 луѓе беа убиени во екстремистички напад во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу.

Одговорноста за тој напад и за други напади од висок профил во Западна Африка неколку месеци претходно, вклучително и убиството на 20 луѓе во напад на хотел во главниот град на Мали, Бамако, ја презеде северноафриканското крило на Ал каеда.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе