15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран егзекутира тројца демонстранти: „Тие беа осудени на смрт за војна против Бога“

Иран егзекутира тројца мажи осудени на смрт поради нивната вмешаност во смртта на полицајци за време на протестите предизвикани од смртта на Махса Амини минатата година, соопштија судските власти.

Тројца мажи беа прогласени за виновни и осудени на смрт за „војна против Бога“ и поседување оружје за време на демонстрациите во градот Исфахан, според веб-страницата на новинската агенција на судската власт „Мизан онлајн“. Тие беа уапсени во ноември минатата година, а осудени на смрт во јануари.

Тие исто така беа прогласени за виновни дека биле членови на „нелегални групи со намера да ја нарушат безбедноста на земјата и дека се договарале да извршат злосторства против внатрешната безбедност“, додаде Мизан.

Иран е потресен од протестно движење по смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16 септември 2022 година, која почина три дена по апсењето од полицијата, која ја обвини дека го прекршила строгиот кодекс на облекување наметнат на жените. Иран има егзекутирани повеќе осуденици од која било земја со исклучок на Кина, објави неодамна „мнести интернешнл“.

Спонзорирано: