7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Ѓукановиќ: Црна Гора повторно на крстопат

Претседателот на Црна Гора во заминување, Мило Ѓукановиќ, денеска во Цетиње изјави дека „никој реално не може да го оспори историското значење на резултатите постигнати за време на неговото владеење“. Ѓукановиќ ова го кажа на прес-конференцијата, последна во неговиот мандат, одржана во Цетиње.

Сè што е направено во изминатите години, посочи тој, е легитимирање на модерна Црна Гора. Сега е јасно, рече тој, дека секоја политичка промена не значи промена на подобро.

„Црна Гора покажа подготвеност за промени, кои зборуваат за еманципација на државата“, изјави Ѓукановиќ, кој е и поранешен лидер на ДПС, со која владееше во Црна Гора повеќе од три децении. На функцијата претседател ќе го замени Јаков Милатовиќ, кој утре ќе биде инаугуриран во Собранието на Црна Гора во Подгорица.
Ѓукановиќ рече дека мирот и мултиетничката хармонија се зачувани во Црна Гора и дека во 90-тите земјата била поштедена од уништување за време на кампањата на НАТО.
„Мирно обновена и меѓународно призната држава, членка на НАТО, во фоајето на Европската Унија, најразвиената економија на Западен Балкан. Сето ова е идентификација на Црна Гора“, рече Ѓукановиќ.

Тој посочи дека на Црна Гора очајно ѝ е потребна стабилна, компетентна, патриотска влада, која ќе постигне членство во ЕУ.

„Вонредните избори се првата голема шанса и голема надеж бидејќи Црна Гора повторно е на стратешки крстопат, од кој е можно да се врати во Европа или кон балканскиот национализам“, рече Ѓукановиќ и изрази дека новата влада што ќе биде избрана ќе треба преземе одговорност и да создаде услови за развој на нормален политички живот во Црна Гора.

Спонзорирано: