10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарија ќе ја блокира воената поддршка за Украина сè додека на ОТП банка не ѝ се укинат санкциите

Унгарија ќе ја блокира следната транша воена помош на Европската Унија за Украина и секој нов пакет санкции против Русија ако Киев не ја тргне унгарската ОТП банка од својата листа на воени спонзори, кажа денес унгарскиот министер за надворешни работи.

„Не можеме да дадеме зелено светло сè додека ОТП е на црната листа“, кажа шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто додавајќи дека „истото важи и во случајот на санкциите“. Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша воена поддршка за Украина од Европскиот фонд за мир, барајќи гаранции дека останатите региони, како Балканот и Северна Африка ќе добијат средства.

Европскиот фонд за мир, основан во 2021 година, е вонбуџетски инструмент насочен кој јакнење на капацитетите на ЕУ да спречи конфликти, изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност. ЕУ досега обезбеди вкупно околу 3,6 милијарди евра за воена поддршка на Украина.

Унгарија, која е членка на ЕУ и НАТО, одби да испорача каква било воена опрема на соседна Украина, а во повеќе наврати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, но сепак ги поддржа сите досега договорени мерки.

Спонзорирано: