23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото МВР на Србија
СВЕТ

Уапсено е момчето кое со ракетен фрлач пукало на напуштена железничка станица кај Рума

Денеска е уапсено 25-годишното момче кое од ракетен фрлач пукаше на напуштена железничка станица во селото Платичево, пренесуваат медиумите во соседството.

Според написите, од Министерството за внатрешни работи на Србија, го потврдиле случајот кој околу 14 часот бил пријавен во Полициската станица во Рума.

За среќа, како што стои во извештаите, нема повредени.

Според неофицијални информации, младиот човек неодамна бил пуштен од невропсихијатриско лекување.

Спонзорирано: