13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Проф. Ивановски: Граѓанската обврзница е одличен пазарен инструмент за мобилизација на слободни парични средства на граѓаните

Издавањето на народната оврзница брзо ќе стане популарен финансиски инструмент за кој граѓаните ќе покажат и повеќе од очекуван резултат. Тие со сигурност ќе имаат дополнителна добивка од ваквата инвестиција бидејки за тоа гарантира државата а тоа ќе значи стимул за економски раст и раст на каматите на депозитите, вели во разговор за „Локално“, универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

„Новата хартија од вредност е одличен, пазарен инструмент за мобилизација на слободните парични средства на граѓаните, кој е безричен инструмент, ќе носи фиксен принос и ќе создаде конкуренција на деловните банки, односно верувам дека ќе влијае на пораст на каматите и на депозитите. Обврзницата ќе има бенефит за граѓаните, секако и за државата, која ќе може да се задолжува пониско отколку на меѓународните финансиски пазари. Конечно, истата ќе значи дополнителен инструмент за тргување на финансиските пазари, со што се зголемуваат инвестициските опортунитети“, објаснува Ивановски.

Професор Зоран ИвановскиПрофесор Зоран Ивановски
Во однос на намената на обврзницата, очекува истата да служи за покривање на буџетскиот дефицит a дали парите ќе се користат за финансирање на развојот или пак за други помалку продуктивни јавни расходи, одговор вели ќе даде Министерството за финансии.

Според гувернерката на Народната банка, Ангеловска Бежовска, издавањето на граѓанската обврзница не с еочекува да има позначајни ефекти врз банкарскиот систем бидејќи планираниот износ од 50 милиони евра е мал износ во однос на депозитиниот потенцијал на банкарскиот сектор. Како и Владата, така и НБРМ прогнозира едноцифрена инфлација од 8 до 9 % и раст од 2,1 %.Ваквите очекувања за професорот Ивановски се реални и очекувани.

„За повисоки стапки на раст потребни се инвестиции, и тоа пред се приватни, покрај капиталните на државата. За нивен раст и стимулирање потребно е олеснување на регулативите, зајакнување на владеењето на правото и одлучна борба со крупцијата, а секако и промена и нормализирање на политичкиот амбиент во земјата. Сегашната констелација на односите не влева надеж дека брзи исчекори и промени во таа насока можат во скоро време да се очекуваат“, дециден е Ивановски.

Слични проекции за економската активност имаа и Европската банка за обнова и развој и Европската Кмисија.Според нив, Македонија годинава ќе има економски раст од 2 %.

К.В.С.

извор Локално.мк

Спонзорирано: