12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Префрлала пари од клиенти, украла речиси половина милион евра-Девојка од Нови Сад три години ја мамела банката

Припадниците на МВР, Одделот за антикорупција на УКП, по наредба на обвинителот на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, ја уапсија М.Н.(29) поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривични дела злоупотреба на положбата одговорно лице и перење пари и на тој начин противправно присвоила 450.820 евра.

Таа, како што пренесуваат српските медиуми, е осомничена дека фалсификувала банкарски документи како вработена во банка во текот на 2021, 2022 и 2023 година, со намера да прибави противправна парична корист, преку искористување на својата положба и пречекорување на границите на нејзините овластувања, што и овозможило и сознанија за 22 клиенти, неовластено да располага со фиксните динари и девизи и со истите средства да располага без одобрение и знаење на клиентот.

Се сомничи дека користејќи ја својата позиција, без знаење и одобрение на клиентите на банката, во нивно име активирала електронско и мобилно банкарство, до кое пристап имала само таа, без знаење на клиентите, а потоа и преку нејзиниот мобилен телефон, т.е. преку е-банкинг давала наредба да се префрлат парите од сметките на клиентите на нејзината лична сметка и на тој начин ги префрлала парите.

Се сомничи дека прибавила противправна имотна корист од вкупен износ од 450.820 евра, нанесувајќи и штета на банката за исто толку.

Исто така, со намера да го прикрие незаконското потекло на имотот, во текот на 2021, 2022 и 2023 година, според сомнежите, М.Н. извршила поголем број трансфери на пари од нејзина лична сметка на сметка на правна лица, а преку нив тие пари ги користела со купување на криптовалута во голем број парични трансакции.

Потоа, како што се сомнева, таа преку меѓународна крипто берза извршила набавки и инвестиции во голем број на разни други криптовалути со истата криптовалута и на тој начин конвертирала и префрлила средства.

На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.

Спонзорирано: