10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Остри тонови од Агелер кон опозицијата: Разочарувачки е, „Бехтел“ работи законски, а тие критикуваат само колку да бидат против власта

Граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10-д кога ќе бидат комплетирани. Разговорите продолжуваат, но мислам дека е жално што има такви кои ќе застанат на патот едноставно да заработат политички поени, вели американската амбасадорка во интервју за МИА.

Процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ за изградба на коридорите 8 и 10-д е целосно транспарентен и законски бидејќи тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во интервју за државната агенција МИА.

Нејзиното појавување на одбележувањето на почетокот на изградбата на автопатиштата кои ќе бидат дел од коридорите, според неа, говори за нејзината проамериканска бизнис-ориентација.

„Јас сум пред сè Американка, јас не гласам тука, немам партија во Северна Македонија, не сум член на ниту една политичка партија. Како и да е, јас сум многу проамерикански бизнис-ориентирана и ние во амбaсада правиме сè што е во наша моќ за да ја помогнеме промоцијата на американските инвестиции тука, бидејќи тоа не е добро само за американските инвеститори за американските компании, туку тоа е мошне важно за граѓаните на оваа земја. И сите со кои јас разговарав беа многу возбудени што ќе имаат автопат на ‘Бехтел’ во нивната земја“, посочи Агелер.
Таа изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

„Сметам дека е многу разочарувачки од тоа што тие во опозицијата без сите факти критизираат нешто за што немаат информација. Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата. Да, тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран ‘Бехтел’ е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан ако не беа доверлива комапнија. Граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10д кога ќе бидат комплентирани. Разговорите продолжуваат, но мислам дека е жално што има такви кои ќе застанат на патот едноставно да заработат политички поени“,

изјави Агелер.

Спонзорирано: