12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Монтана е првата американска држава што го забрани Тик Ток

Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на активностите на кинеската компанија „Тик Ток“ во државата и со тоа, Монтана официјално стана првата американска држава што ја забрани популарната платформа за споделување кратки видеа. Монтана воведува законска забрана на Гугл и Епл да ја нудат апликацијата Тик Ток во државата. Рестриктивната мерка стапува во сила од 1 јануари следната година.

„Го забранив Тик Ток за да ги заштитам личните податоци на жителите на Монтана од Кинеската комунистичка партија“, рече гувернерот Џанфорте, кој е републиканец.

Платформата Тик Ток, која има повеќе од 150 милиони корисници во САД, се повеќе е предмет на повици од американски конгресмени и државни претставници да ја забранат мобилната апликација на национално ниво во САД, наведувајќи ја загриженоста од можното влијание на кинеската држава преку социјалната мрежа.

Спонзорирано: