9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Момче се заканувало дека ќе дојде во загрепско училиште со пиштол, интервенирала полицијата

Во едно од основните училишта во западниот дел на Загреб полицијата интервенирала изутрината по превентивна пријава на директорот.

По расправија со другарите, малолетниот ученик телефонски се заканил дека на училиште ќе дојде со пиштол. Училишната управа постапила превентивно и била повикана полиција, но немало причина за паника, тврди директорот на училиштето.

„Никому ништо, сè е во ред, моравме да постапиме по протокол и да го пријавиме случајот. Нема причина за паника“, изјавл директорот на училиштето додавајќи дека полицијата многу бргу пристигнала по пријавата.

Жителите на загрепската населба се вознемириле, претпоставил директорот, поради запалените ротациски светла на полициското возило што било пред училиштето.

Спонзорирано: