15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лиз Трас: Западот е веќе во студена војна со Кина

Сакале или не, западниот свет веќе е во студена војна со Кина, тврди поранешната премиерка Лиз Трус,.

Британска премиерка со најкус мандат, само 44 дена беше на функција, наводно предупредила дека нациите во Америка и Европа сега треба да изберат дали ќе ја смират комунистичката држава или ќе преземе мерки за да спречат војна.

Трус го даде коментарот за време на патувањето во Тајван, де факто независна нација за која Кина тврди дека е под нејзина јурисдикција, користејќи го патувањето за да ги начне и домашните политички проблеми и да изврши притисок врз актуелниот премиер Риши Сунак и неговата влада да заземат поцврст став против Пекинг.

Трас долго време е наострена кон авторитарната нација предизвикувајќи ги оние што веруваат дека пријателските односи меѓу Кина и западниот свет се одржливи.

„Има такви што велат дека не сакаат нова студена војна“, рече таа. „Но, ова не е избор што сме во позиција да го направиме. Затоа што Кина веќе се потпира на својата самоодржливост, без разлика дали сакаме да се одвоиме од нејзината економија или не“.

„Тие веќе ја избраа својата стратегија. Единствениот избор што го имаме е дали ќе се помириме и ќе се приспособиме или ќе преземеме мерки за да спречиме конфликт“, истакна Трас.

Се чини дека поранешната британска премиерка веќе го разбесинла Пекинг, а портпаролот на кинеската амбасада во Лондон го осуди патување на Трас на Тајван како провокација.

„Неодамнешната посета на британската политичарка Лиз Трус на Тајван е опасно политичко шоу, кое нема да постигне ништо друго, освен да ѝ наштети на Британија. Овој провокативен потег предизвика силна огорченост кај кинескиот народ и цврсто ќе биде отфрлен од луѓето со совест од сите сфери на животот“, соопшти Амбасадата.

Од Амбасадата побараа релевантните претставници на британскиот политичкиот врв да го коригираат несоодветното однесување на Трас, да престанат со политички спектакли во врска со прашањето на Тајван и да престанат да се договараат и да ги поддржува сецесионистичките сили за независност на Тајван.

Спонзорирано: