Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Путин: Руските војници се борат против директните следбеници на нацизмот

За време на специјалната воена операција, руските војници и команданти се борат против директните следбеници на нацизмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој го кажа ова во порака до руските Евреи и до сите што го слават Денот на спасението и ослободувањето.

„И ние и идните генерации треба свето да ја чуваме историската вистина за Втората светска војна, да бидеме свесни за погубните последици од секоја толеранција на национализмот, антисемитизмот, ксенофобијата. За време на специјална воена операција, нашите борци и команданти денес се борат со директни следбеници на нацизмот“, рече Путин, а објавено е на веб-страницата на Кремљ.

Тој додаде дека овој датум зазема посебно место во еврејскиот верски календар и служи за зачувување на сеќавањето на подвигот на војниците на Црвената армија и сојузничките војски во антихитлеровската коалиција, што ги спаси еврејските и другите народи од нацизмот.

Празникот Денот на спасението и ослободувањето, всушност, е Денот на еврејската победа, трогателен празник, кој се слави во чест на победата на 9 мај 1945 година. Празникот е утврден пред една деценија, но се слави во еврејските заедници во светот.

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе