Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Путин и Зеленски прифатиле да се сретнат со африканските лидери за да разговараат за мировниот план

Владимир Путин, претседателот на Русија, и Володимир Зеленски, претседателот на Украина, се согласиле на одделни состаноци да се сретнат со делегација на африкански шефови на држави за да разговараат за можниот план за ставање крај на војната во Украина, според претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса.

Рамфоса телефонски разговарал со руските и украинските колеги во текот на викендот, изјави неговиот портпарол. Тие се согласиле да бидат домаќини на „мировната мисија на африканските лидери“ во Москва и Киев.

Лидерите на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда и на Египет планираат да му се придружат на г. Рамафоса во мисијата, рече претседателот. Тој додаде дека Путин и Зеленски му дале зелено светло за да ги почне подготовките.

Не беа соопштени детали за можните параметри на разговорите. Зеленски претходно изјави дека нема да размисли за мировен договор за ставање крај на 15-месечната војна додека руските сили целосно не се повлечат од украинската територија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, беше информиран за планираните состаноци на африканската делегација и ја поздрави иницијативата, рече г. Рамафоса.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе