Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Министерство за внатрешни работи на Србија
СветВо тренд...

Нова драма во Србија: Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Неколку основни училишта во Белград утринава добиле информација дека во нив се поставени бомби.

На ОУ „Дринка Павловиќ“ пристигнала дојава за бомба, а родителите биле известени да не ги носат децата во прва смена. Ова училиште изминативе денови беше во центарот на вниманието поради оставката на директорката поради насилство во училиштето.

Покрај ова училиште, дојави за поставување бомби добиле и основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж, „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, „Старина Новак“ во улицата Кнез Данилова во строгиот центар на Белград, јавуваат белградските медиуми.

Како што е потврдено за „Блиц“, пријавата стигнала и во училиштето „Вук Караџиќ“, а децата од тоа училиште се враќаат дома, како во училиштето „20. Октобар“ во Нов Белград.

Исто така, во општина Обреновац утрово во 5 часот и 15 минути на електронските адреси на неколку основни училишта во Обреновац биле испратени анонимни пријави за експлозивни направи.

Заради безбедност на учениците и вработените, во училиштето никој не влегол додека не завршила полициската проверка.

Можеби ќе ве интересира…

Во целосен прекин патниот правец Охрид – Свети Наум

Од 19:15 часот регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај с.Љубаништа, поради одрон на патот, сообраќајот е во целосен прекин. Прочитај повеќе

Српските медиуми – Полн резервоар за 60 евра само во Македонија: Еве каде е најевтиното гориво во регионот

За оние кои летово планираат да возат до најблиските плажи во соседството, најважно е колку ќе чини да се наполни полн резервоар со гас, пишува Б92. Најевтино ќе биде ако… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе