10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Катастрофални поплави во Хрватска: Улиците во Обровац под вода – поплавени згради, училиште, канцеларии

Обровац е буквално под вода, многу куќи се загрозени, а нивото на водата на Зрмања се уште расте. Пожарникарите постојано интервенираат во градот, а слична е ситуацијата и во Грачац.

Во Обровац поплавено е и училиштето, каде денес настава не можеше да се одржи.

Граѓаните полнат вреќи со песок, сите се на готовност, а прогнозата не им оди во прилог затоа што следуваат нови врнежи, пишуваат хрватските медиуми.

Градоначалникот на Обровац Анте Жупан попладнево за Задарски.хр изјави дека неговиот град е погоден од необична појава.

„Обилни врнежи се случија на таканаречената Личка висорамнина, која се влева во сливот на Зрмања. Изградивме заштита од поплави пред десет години. Меѓутоа, сега се случи. Бранот беше толку висок и интензивен што таа бариера ја надмина во неделата во 19:01 часот за 30-тина сантиметри. Тоа беше над секакви очекувања и прогнози“, изјави Анте Жупан.

Тој потврдува дека водата навлегла во објектот на Градот и го поплавила основното училиште, како и неколку станбени згради. Покрај тоа, под вода се десет деловни простории, оштетени се неколку куќи, како и една станбена зграда во пониско подрачје.

Несреќна околност е што е поплавен подрумски стан на семејство со син инвалид. Градоначалникот им дал клуч од неговиот стан, да го користат додека не се смири ситуацијата, кажа тој.

Во Грачац, десетици граѓани биле приморани да се качуваат на повисоки катови од објектите, или пак да ги напуштат своите домови, бегајќи од надојдената вода.

Спонзорирано: