13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Унгарија ја блокира осмата транша од воената помош на ЕУ за Украина во вредност од 500 милиони евра

Унгарија ја блокираше осмата транша од воената помош на ЕУ за Украина во вредност од 500 милиони евра, преку Европскиот фонд за мир (ЕПФ), објави италијанската новинска агенција Анса, повикувајќи се на извор од Брисел.

Будимпешта бара гаранции дека ЕПФ ќе ја задржи својата глобална визија во иднина и дека нема да се користи само за вооружување на Киев.

Траншата требаше да биде испорачана на Украина следната недела пред најавената контраофанзива на Киев. Тоа е осмата транша од помошта за Украина во рамките на ЕПФ, од 5,6 милијарди евра што ЕУ ги користи за финансирање на странски сили и за компензација на сопствените членови кои испраќаат оружје за конфликти во други земји.

ЕПФ е основана во март 2021 година според Заедничката надворешна и безбедносна политика за да се зајакне улогата на ЕУ како глобален обезбедувач на безбедност. Прокламираните цели на ЕПР вклучуваат одржување на мирот и спречување конфликти. Буџетот на ЕПФ за периодот од 2021 до 2027 година изнесува 5,69 милијарди евра.

Иако Унгарија е членка на НАТО, премиерот Виктор Орбан одби да дозволи блокот предводен од САД да испрати оружје во Украина преку унгарска територија. Орбан ги обвини САД и нивните сојузници дека го поттикнуваат конфликтот „на сметка на европските интереси“, додека неговата влада го поддржува кинескиот план насочен кон дипломатско решение на конфликтот.

На крајот на минатата година, Унгарија ја задржа траншата од економската помош за Украина од 18 милијарди евра, кои блокот би ги позајмил на глобалните пазари. Орбан тврдеше дека ЕУ ќе биде „во долгови“ поради Украина. Тој на крајот попушти кога блокот го укина замрзнувањето на донациите за Унгарија.

Во јануари Унгарија го блокираше ослободувањето на седмата транша од оружјето на ЕПФ за Украина, иако пакетот беше одобрен неколку недели подоцна.

Спонзорирано: