Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Локално

Седум месеци Арсовска си игра со трпението на скопјани, дали приватните превозници ќе се вратат на улица во јуни?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека приватните превозници ќе се вратат на скопските улици и ќе почнат да возат до крајот на месецов.

Арсовска рече дека сè уште не се потпишани договорите со нив, бидејќи траат проверките на автобусите и документацијата на сите фирми кои конкурирале за добивање на работата.

Колку време ќе трае овој процес не се знае

„Она кое го имавме како постапка, беше прекинато во два наврати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склучува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Мислам дека и пред почетокот на јуни ќе бидат исполнети условите“, рече Арсовска во емисијата „10 минути“.

Арсовска соопшти и дека системот на исплата на превозниците е подобрен. Сега парите директно ќе им се исплаќаат на сметките поединечно на секој превозник за да нема систем „тебе олку, тебе толку“ и жалби од превозниците.

– Ние сме платиле до последно. Ние им ги плаќавме парите авансно, еден месец однапред за да имаат средства да возат наредниот месец, тоа се големи пари, по 400.000, 500.000, 600.000 евра однапред – нагласи Арсовска.

Сепак според извори на Градска.мк новиот систем на плаќање, не е соодветен бидејќи на огласот приватните превозници се јавуваат како група превозници која ја претставува еден превозник.

Тоа значи дека 99 отсто од превозниците не можат да ги исполнат условите за реализирање на обврските од пакет линиите, бидејќи немаат доволен број автобуси, возачи и друг кадар, а тоа значи дека приватните превозници нема да го прифатат новиот систем на исплата бидејќи тие знаат каков обем на работа имаат.

Исто така според извори на Градска.мк ако се применува нов начин, ќе треба да се менува одлуката за линиски превоз во Скопје или да се распише нов оглас на кој превозниците ќе се јавуваат како поединци за одржување на одделни линии.

Од друга страна, советникот во Град Скопје, Стефан Андоновски вчера соопшти дека Арсовска тајно ги платила долговите кон приватните превозници, но го држи градот во клинч бидејќи не сака да потпише нов договор.

Тој рече дека ЈСП се обидува да покрие она што покривале и повеќе од стотина автобуси и оти градоначалничката рекла дека градот нема да биде блокиран, но, нагласи, граѓаните не можат да стигнат на своите работни места, со саати се чека на автобуските постојки, а автобусите се преполни.

Градска.мк во неколку наврати испрати прашања до Град Скопје и до портпаролката Кристина Депо околу тоа што се случува со приватните превозници, но одговор не добивме.

Она што е интересно е тоа што ако при претходните два огласи превозниците одговараа на прашања на медиумите и тие сега молчат.

С.Т.

извор Градска.мк

Можеби ќе ве интересира…

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси

2 јуни 2023, Скопје – Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри… Прочитај повеќе

Машините на терен – Почнаа работите на коридорот 8, постоечкиот автопат Тетово-Гостивар ќе се трансформира во автопатско решение со по три ленти во двата правци

Изградбата на стратешките инфраструктурни проекти е важна пред сè за подобрување на условите за живот на граѓаните, за обезбедување модерна и безбедна патна и железничка инфраструктура, за рамномерен регионален развој,… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе