13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте водостојот на реките; Метеоролозите: Ќе биде уште потешко, водостојот на речиси сите реки во Хрватска ќе порасне

Водостојот на Уна и Сана се зголемува, реките Купа и Корана кај Карловац и кај Обровац благо опаѓаат, а метеоролозите најавуваат обилни врнежи од дожд.

Од Цивилната заштита соопштија дека утре се очекуваат максимални водостои, а дополнително предупредуваат дека голем воден бран на Сава се очекува и од правец на Словенија.

Силниот дожд предизвика поплави во овие области, јавуваат хрватските медиуми.

Метеоролозите најавуваат дека ситуацијата ќе биде уште потешка – следуваат уште многу дождови, а водостојот на речиси сите реки во Хрватска ќе се зголеми. Според досегашните податоци на хидролошките станици, значително зголемување на нивото на водата може да се очекува на речиси сите реки во Хрватска.

Планинарската спасувачка служба предупреди дека патиштата по поплавата може да бидат полни со дупки или да останат без слој асфалт, па на возачите им се препорачува да не ги возат своите автомобили по поплавените патишта.

Спонзорирано: